Јавното обвинителство побара притвор за три од петте лица, кои полицијата, како што вчера соопшти министерот Оливер Спасовски, ги приведе во врска со исчезнувањето на девојчето Вања Ѓорчевска. Од обинителството велат дека по целодневно собирање на докази, е побарано за трите лица да се изрече 48 часовен притвор за да се обезбеди нивно присуство во понатамошната постапка.
Други податоци не се соопштуваат. Вчера министерот рече дека покрај петте лица обезбедено е и едно возило кое е одземено и дека истрагата за случајот продолжува и дека нови информации ќе бидат споделени кога ќе може конкретно нешто да биде соопштено.
Четрнаесет годишната Вања Ѓорчевска исчезна пред седум дена во центарот на Скопје, кога утрото тргнала кон училиштето „Песталоци“.
Во потрагата по девојчето се вклучени и државите од регионот, потерницата е објавена и преку Интерпол.






