Се бара притвор за кумашинот на Заев и генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири

Обвинител од Скопското јавно обвинителство која ја оди истрагата против високиот функционер на СДСМ бара притвор за кумашинот на Заев и генсек на владата Мухамед Зекири.



Порталот А1Он јавува дека осомничениот Зекири кој беше и потпретседател на СДСМ се процесира заедно со уште двајца странски државјани за направен договор за консултантски услуги со владата без тендер вреден речиси еден милион евра.

Поради опасноста да избега но и поради висината на сумата за која што се гони, скопското обвинителство бара Зекири да добие притвор со цел да биде обезбеден за процесот против него.

Повеќе детали на А1ОН