Студент сместен во еден од скопските студентски домови јавно го кани премиерот да дојде со него да руча во студентска менза за да се увери во лошиот квалитет на храната.
“Премиере @Zoran_Zaev, бидејќи сте ставиле директорче на ДСД Скопје што праг од студентски дом нема поминато, лично ве канам на ручек или вечера во кујната на СД Кузман да се уверите што се дава за јадење”, пишува студентот и ги замолува сите твитерџии да ја споделат поканата за да стаса оваа порака до премиерот!
Пред два месеци Социјалдемократската младина се пофали дека со помош на приватна донација е обезбедена нафта за греење на студентите.
Премиере @Zoran_Zaev, бидејќи сте ставиле директорче на ДСД Скопје што праг од студетнски дом нема поминато, лично ве канам на ручек или вечера во кујната на СД Кузман да се уверите што се дава за јадење.
Твитерџии, ве замолувам за РТ за да стаса оваа порака до премиерот!— Studentot (@HFobija) March 6, 2021





