Се бара најстрога казна за трујачите на коњи

Затворска казна за трујачите на коњи во скопската зоолошка градина. Активистката за заштита на животните Тина бараат затворска ка Тина Мицковска која е и вработена во скопската зоолошка градина се сомнева на одмазда од поранешни вработени со медицински познавања . Таа во својата објава на Фејсбук порачува дека не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа.



Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите.
Војо Иванов, кој исто така е вработен во Зоолошка побара казни за сторителите .

Од Зоолошката градина ја потврдија веста дека коњите се отруени и информираа дека е поднесена кривична пријава. По реакциите во јавноста посочиа оти убиецот ќе си го најде полицијата, а од надвор не треба да се суди .