Невладина организација најави дека ќе покрене иницијатива за враќање на бонусите кои ги зеле Катица Јанева, обвинителите и сите вработени во СЈО, пренесува „Телма“.
Ваков скандал и доделување енормни суми како дополнителни додатоци не се случил во изминатите две децении. Корупцијата го достигна врвот, велат од невладината за „Телма“.
Истовремено, поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов побара сите обвинители од СЈО да си поднесат оставки,да се изврши ревизија на работењето на СЈО, да се утврди како функционирало обвинителството, на кој начин креирало случаи и се доделувале пари надвор од сите прописи.





