СДСМ: заминувањето на ДС во опозиција не менува ништо

Социјалдемократскиот сојуз смета дека одлуката на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов да ја наѝпуѕти владата – не менува ништо.



„Одлуката на Демократскиот сојуз да премине во опозиција во суштина не менува ништо, владината коалицијата и парламентарно мнозинство се силни и стабилни и успешно ќе може да продолжат да ги носат важните закони во Собранието за реформите во економијата и за европскиот пат на државата“, соопшти СДСМ.

„Во текот на вчерашниот ден беа усвоени Законите за Иницијативата Отворен Балкан и Договорот со ФРОНТЕКС, од интерес на сите граѓани“ се вели во соопштението од Партијата.

„Добро е што Демократскиот сојуз и пратеникот Павле Трајанов и понатаму го поддржуваат европскиот пат на државата. Ова е важно за иднината на нашата земја.

СДСМ и владејачкото мнозинство е отворено за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат.

Уверени сме дека има и пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои што се подготвени да се ослободат од заложничката ситуација во која ги сместија Апасиев и Мицкоски“, се вели во соопштението.