СДСМ: Заев е самоуверен визионер кој мисли на државата, а не на партијата

Според СДСМ идејата за заедничка влада со “чесните вмровци” која вчера ја објави Заев е дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ.



Во продолжение од партијата го фалат Заев дека е добар политичар кој мисли на државата а не на партијата.

“Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси.

Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред.

Неговата визија се промени за поддршка на напредокот наместо блокади и враќање назад, промени за поддршка на НАТО и ЕУ, за правда која важи за сите а не за опструкции, за демократија а не режим, за едно општество за сите а не за поделби.

Претседателот Заев отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја, кои се за напредок а не на криминално стекнатиот имот на режимот и враќање назад.

Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата”, се вели во реакцијата на СДСМ во која се критикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека воопшто не можел да ја разбере визијата на Заев.

Целото соопштение на овој линк

https://sdsm.org.mk/soopstenija/22344