Владејачката СДСМ, по повод рангирањето на „Економист“, од партијата велат дека овој ранг покажува пофален приказ и успешен пример за тоа како беа спроведени изборите во С.Македонија.



Исто така, од СДСМ наведуваат и дека треба да се земат предвид околностите за нивното спроведување во време на пандемија и здравствена криза.

„Индексот на демократија на „Економист“ нотира пофалби за Република с. Македонија како успешен пример поради начинот на кој беа организирани и спроведени изборите, што е значаен успех имајќи ги предвид специфичните околности и предизвици за организирање успешен изборен процес во време на пандемија и здравствена криза.

Две години по ред државата бележеше напредок на Индексот откако претходно 10 години по ред вртоглаво паѓаше, а за 2020 се воочени благи негативни моменти кои се должат на две причини, односно поради рестрикциите кои  секако беа неопходни во време на пандемија и здравствена криза, како и поради недостиг на напредок во политичката култура, што главно се должи на лажни вести, на политички радикализам, самовластие и неказнивост за кои што има и јавно познати виновници“, вењлат меѓу другото од партијата..