СДСМ вработил жени на позиции за кои треба да си „супермен“

Три лица од женски пол од нова година работат најтешка можна работа која можат да ја работат и малкумина од машкиот пол.



Според документ објавен од лица од Кичево една од нив работи како сечач на дрва што значи дека со моторна пила сече дрва а другите две се на позиција дотурачи односно исечените дрва ги доставуваат до локации од каде тие се транспортираат во камиони.

Позицијата дотурачи е убедливо најтешка работна позиција во земјава и за неа треба исклучителна физичка сила што ја немаат и 90 проценти од мажите велат упатени во бизнисот со сеча на дрва за огрев и за дрвната индустрија.

Овој апсурд се случува во Кичево, во државната фирма Македонски Шуми, каде се примени жени и мажи како дотурачи и сечачи на дрва.

Во Кичевско на сите им е јасно дека се работи за проформа работни позиции отворени пред изборите.

Сите вработени според граѓани мораат да обезбедат по 5 до 15 гласови за две партии на изборите.

Слични огласи последниве 2 месеци се отвораат и во комплексот Осломеј.