СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ во анкета направена меѓу своето членство!? (ВИДЕО)

Реакции на информацијата објавена од Зоран Заев дека неговата партија СДСМ води со 6 проценти пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Коментирајќи ја изјавата на Заев во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ новинарот Драган Павловиќ Латас рече дека и тој знае други вицови алудирајќи дека Заев кажува ноторни невистини.

Во врска со анкетата на шега реагираше и колумнистот на expres.mk и водител на “Заспиј Ако можеш” Горан Момироски кој својот колега Драган Милосављевиќ го запраша дали својата анкета Заев ја правел во партиското седиште на Бихаќка а испитаници биле само членовите на СДСМ.

Ниту една истражувачка куќа ниту СДСМ досега не објави официјална анкета за да се поткрепи информацијата на Заев за водство од 6 % пред опозицијата.

Линк до емисијата во која Гостин беше Драган Павловиќ Латас

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1454828798059115&id=280284355399866