СДСМ во жесток антисемитски напад врз првата македонска Еврејка министер

Приврзаници и членови на СДСМ започнаа жесток антисемитски напад врз првата македонска Еврејка министерка во Владата.



Во вербалните напади лица блиски на Заев и СДСМ ја критикуваат Рашела Мизрахи министерка за труд и социјала во техничката влада дека станала член на според нив фашистичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

“Не ми пречи што Рашела Мизрахи упаднала во фашистичка партија. Сигурно и кај нацистите во влада имало евреи кои се бореле за плата и социјални права на евреите”, пишува Видана Бошковска Мицевска која заедно со Заев и Шеќеринска ги фарбаше зградите од проектот Скопје 2014.

https://twitter.com/Fortifikacija/status/1213892982233010176?s=19

Етничко и верско профилирање на јавни личности за политички цели особено на членови на Еврејската заедница е непримерно однесување кое во Македонија не се случило никогаш предходно.

Ниту еден член ниту официјално партијата не се огради од не цивилизираните напади на пропагандните јуришници на СДСМ.

На еден од постовите “лајк” ставил и шефот на пропагандниот тим на СДСМ во владата Зоран Бојаровски што е сигнал дека можеби се работи за координиран вербален напад кој треба да испровоцира реакции кај македонските муслимани кои имаат негативен сентимент кон Израел и Евреите поради настаните во Палестина.

Предходно пропагандистите на СДСМ ширеа лажна вест дека Мизрахи во министерскиот кабинет ставила партиско знаме.