СДСМ во проблем – партиското членство откажува послушност

Владината делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Во негова придружба ќе бидат вицепремиерите Артан Груби и Славица Грковска и министрите Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владината делегација изутрината ќе се поклони пред гробот на Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, потоа ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, а церемонијата на Мечкин Камен ќе почне во 11:30 часот, со свечен говор на премиерот Ковачевски.



Во пресрет на празникот СДСМ со циркуларни СМС-пораки ги кани своите членови и поддржувачи да присуствуваат на прославата во Крушево, информирајќи ги дека за таа прилика е обезбеден бесплатен автобуски превоз, кој тргнува од Цветниот пазар во Капиштец. Во пораката што ја добивме од член на СДСМ се вели дека „сите кои сакаат може да присуствуваат на настанот“ – пишува Плусинфо.

Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ, вели дека и оваа година, како и секоја, се организира превоз на граѓаните за присуство на прославата во Крушево, но тој е за сите заинтересирани граѓани, а не само за ченовите на СДСМ и оваа година по ништо не се разликува од она што се правеше секоја година во минатото, со исклучок на минатата година поради пандемијата со ковид.

– Илинден е празник кој обеднува. Ако некој на најголемиот државен и национален празник планира или предизвикува инциденти, тоа е сквернавење, омалаважување и газење по вредностите на илинденците и по неговото значење. СДСМ ги повикува граѓаните да се вклучат во прославата на Илинден, масовно, гордо и достоинствено, да се обединиме заедно зад идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, зад значењето на заедничка борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава. Илинден е нашата сила за европска иднина и овој празник заслужува да му се оддаде висока почит – вели Кузеска.

Истовремено во некои фејсбук-групи блиски на опозицијата се објавија партиски пораки, чија автентичност не може да се утврди, според кои активисти на СДСМ наводно добиваат категорични „директиви“ задолжително да учествуваат на прославата во Крушево.

Целиот текст на следниот линк:

https://plusinfo.mk/otkazhuva-li-poslushnost-partiskata-peshadi-a-na-sdsm-na-ilinden-da-si-gi-viknete-debelite-direktori-i-funkcioneri-shto-adat-shkampi/