СДСМ во последните десетина месеци дневно губи меѓу 230 и 300 гласачи

Според анкетата на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон спроведена од БРИМА рејтингот на СДСМ од ноември лани до октомври годинава или нешто повеќе од 10 месеци е паднат за 5 проценти, од 16 на 11 %.



Во превод, во зависност дали базата на анкетата е целиот избирачки список (милион и 800 илјади луѓе) или се работи за гласачи кои реално се тука во земјава (еден милион и 400 илјади) 1 процент означува меѓу 14 и 18 илјади гласови.

Тоа значи дека СДСМ за нешто повеќе од 10 месеци загубиле меѓу 70 и 90 илјади гласачи.

Ако се пресмета на дневно ниво Ковачевски и неговата партија губат меѓу 230 и 300 луѓе на ден.

Тоа значи дека секој час како резултат на скандалите, криминалот, корупцијата и гафовите СДСМ губи по околу 10 до 13 гласачи.

За тие што сакаат пресметка во минути тоа значи дека на секои 5 до 6 минути по еден гласач на СДСМ се откажува од поддршка за партијата.

Анкетата на ИРИ покажува најголем пад на рејтинг на една партија во историјата на Македонија а веројатно и на Балканот.

Анкетата е направена во октомври пред да бидат објавени неколку крупни афери и скандали и пред САД да каже дека Македонија тоне го корупција што дополнително го интензивираат лошиот тренд на партијата на власт.

Драматичен пад: СДСМ загубила меѓу 70 и 90 илјади гласачи за нецела година