Се оградуваме од какви било конструкции за нерегуларности, институциите веднаш да постапат за да распука и овој меур со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ велат од партијата на Заев.
„СДСМ во целост се оградува од какви било нерегуларности или конструкции за нерегуларности за овие избори. СДСМ води искрена, приземјена, отворена и јавна комуникација со граѓаните и ги отфрла сите обиди со кои наводни вибер групи би требало да докажат дека СДСМ се занимавал со следење луѓе на денот на избори ” стои во соопштението.
Од партијата додаваат дека граѓаните од 2016 година наваму гласале слободно, а сите четири изборни циклуси од тогаш наваму, како и референдумот, биле потврдени како целосно слободни, фер и демократски.
„Во пресрет на вториот круг се засилува Центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на 31 октомври масовно ќе излезат на гласање и со демократски методи ќе спречат враќање на режимот и злоупотреба на институциите во партиски цели ” се наведува во соопштението.






