СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го покажало вистинското лице, општините биле оставени во одлична финансиска состојба

Соопштение за јавност од СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ:



“Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.

Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини.

Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел.

Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.

Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават.

Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови, денес општините се во одлична финансиска состојба.

Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните”, се вели во соопштението на СДСМ.