ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Христијан Мицкоски затоа што со денови ширеше лаги и невистини за процесот со Бугарија, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз.
„Мицкоски лажеше за наводна асимилација и бугаризација и ги поткопуваше државните позиции во однос на Бугарија. За таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ да побара одговорност од Мицкоски а потоа да престане со деструкциите. ВМРО-ДПМНЕ мора да се промени и наместо за туѓи интереси да почне да работи за интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението од СДСМ.





