Премиерот Зоран Заев, министрите Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски како и други функционери вчера ги сменија насловните страници на Фејсбук профилите и сега и тие апелираат граѓаните да се попишат.
Пораката која ја упатуваат е: „Ти си повеќе од бројка, учествувај“.
Ова е реакција на критиките дека социјалдемократите не се активни во кампањата за попис на дијаспората, пишува Плусинфо.
За разлика од СДСМ владиниот партнер ДУИ интензивно преку видеа и објави на Фејсбук апелираа за масовно попишување на албанската дијаспора, но и преку посети на (нивни) владини функционери во Косово, Швајцарија, Албанија…






