Дури и на својот Фејсбук профил Социјалдемократите добиваат жестоки критики за планот за прифаќање на францускиот предлог со бугарските барања.
Иако досега на овој профил речиси сите коментари биле со поддршка за партијата сега во коментарите доминираат критики за партиската позиција.
,,Ние имаме јасен став и визија дека од првичната определеба на нашата држава од осамостојувањето го чекориме патот за интеграција во ЕУ и НАТО, едната цел е остварена, на прагот сме на отпочнување на преговори да ја оствариме и втората наша цел како држава.
СДСМ ја испочитува резолуцијата, го зачува македонскиот јазик, идентитет, нема бугаризација”, стои во една од пораките која се критикуваа а која е објавена на профилот на партијата. Пораката е искажана од пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Еве дел од коментарите


Сите коментари на овој пост на СДСМ на линкот
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=596868488471314&id=100044445038982





