Утре, СДСМ ги организира првите директни внатрепартиски избори на кои сите активно регистрирани членови ќе бираат лидер на партијата.
Избирачките одбори и Општинските изборни комисии ќе им обезбедат непречена работа на медиумите и медиумските работници кои сакаат да проследат гласањето на избирачките места.
Првите внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни по здравјето на сите.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Изборите ги спроведува Централна изборна комисија во сите 80 општински ораганизации. Има 80 Општински изборни комиси и 237 Избирачки одбори, а изборите ќе се спроведат на исто толку Избирачки места.






