Граѓаните ја препознаваат нашата бopба и посветеност за право и правна држава, се нагласува во денешното сооопштени од СДСМ во кое се наведува дека истражувањето на јавното мислење од страна на „Тим институтот“, реализирано за потребите на СДСМ покажува дека владејачката партија води пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Опцијата и политиките што ги застапува и релизира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните. На прашањето за кого би гласале, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,1 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците. Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економија, правда, корупција, здравство. Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот, се наведува во соопштението.
Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи. Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.
Кога и да има избори, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај. Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО“, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.




