СДСМ тврди: За една година изградени и реконструирани 500 (218) километри патишта

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од трибина во Дебар се пофали дека партијата на власт за четири години изградила и реконструирала над 1.000 километри патишта што е дијаметрално спротивно на официјалните ставови на неговите сопартијци на највисоки позиции (ги објавуваме подолу).



Бочварски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години реконструирала и изградила само 650 километри.

Бочварски случајно или намерно не открива колку од патиштата се реконструирани а колку се изградени.

Тврдењето на СДСМ овде

Неговата партија поточно вицепремиерката Шеќеринска лани во мај објави дека СДСМ направила 500 километри патишта.

Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски лани во февруари тврдеше дека СДСМ изградила 782 километри патишта.

Во зависност од тоа која изјава ќе се смета за вистинита може да се заклучи дека СДСМ за 18 месеци направиле 218 километри патишта или пак дека за една година и еден месец направиле 500 километри патишта.

Во реалноста и по 7 години од почетокот автопатот Кичево – Охрид не е во напредна фаза а далеку од завршени се и двата километри од автопатот што треба да ја поврзе Македонија со косовскиот нов автопат кај Блаце.

Лани во кампањата за парламентарните избори актуелната заменичка на Заев во СДСМ и шефица на УЈП не можеше да наведе ниту еден проект за патишта што СДСМ сама го проектирала и го спровела.