СДСМ тврди дека знае кој ќе победи на следните избори но не сака да чуе за соочување со ВМРО-ДПМНЕ

Државата, институциите се пред историска шанса за крупен исчекор во евроинтегративниот процес, стои во соопштението на СДСМ кое е многу нелогично затоа што партијата во исто време тврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на следните избори но не сака да закаже предвремено изборно соочување.



,,Важно е токму овој момент да се искористи оваа година и желбата, волјата на ЕУ да направи пакет за проширување со неколку држави, тоа е битно за граѓаните на Северна Македонија, ние како држава да влеземе токму во овој пакет за проширување на ЕУ.

Колку и да се надева, на Христијан Мицкоски треба да му е јасно дека ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и дека нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.

Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори.

Затоа мора да се искористи овој период и државата да продолжи по европскиот пат.

Нова преговарачка рамка нема да има и тоа им е јасно на сите, вклучително и на Мицкоски.

Со глас за Европа сите политички субјекти во Собранието имаат можност да ја покажат проевропската заложба на дело, се друго е дејствување на штета на државата и граѓаните и одработување за интересите на туѓи центри на моќ, велат од партијата”, се вели во соопштението на СДСМ.

Во повеќе наврати досега СДСМ порачс дека нема да има предвремени избори што е нелогично ако од партијата тврдат дека тие ќе ја направат идната влада.

Ако СДСМ е убедена во изборниот резултат Ковачевски може веднаш да распише избори и со нова влада да дојде до уставни измени.