Социјалдемократскиот сојуз тврди дека досега се вакцинирани здравствените работници во најмалку 10 здравствени единици и сектори.
Во македонскиот здравствен систем работат околу 24 илјади луѓе од кои околу 15 се во прввите борбени линии против Ковид19 а владата досега можела да вакцинира најмногу околу 5500 луѓе под услов да ги употребиле сите околу 11000 вакцини што ги доби како подарок од Србија и Русија.
Во соопштението СДСМ ја обвинува опозицијата дека таа тврдела дека вакцинацијата е незначајна иако ВМРО-ДПМНЕ нема соопштение или став во кое го тврди тоа.
Целиот текст од соопштението на СДСМ во кое има и повеќе јазични грешки:
Вакцинирањето на здравствените работници кои работат со ковид пацинети и имаат контакти со заразени од ковид за ВМРО-ДПМНЕ е незначајно.
За ВМРО-ДПМНЕ е незначајно тоа што се вакцинираат здравствените работници изложени на голем ризик од зараза од Ковид 19! За ВМРО-ДПМНЕ е незначајно што се вакцинирани здравствените работници од ковид центрите, првата помош, јавните и приватни здравствени установи, здравствените работници од лабораторииите, од центрите за јавно здравје, аптеките, здарвствените работници од хируршките клиники, здравствените работници од останатите клиники кои се во непосреден контакт со ковид пацинети, за ВМРО-ДПМНЕ е незначајно што се вакцинирани матичните лекари, матичните гинеколози и стоматолози.
Кога не се работи за партиски интерес и спас на фотељата на Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ се е безначајно. Затоа шест пати се поразувани од граѓаните и одново ќе бидат поразени.
Извор СДСМ






