Во своето утринско соопштение за јавност кое се базира на вчерашна прес конференција СДСМ
тврди дека во време на светска криза, владата предводена од СДСМ презела навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите.
Притоа според СДСМ благодарение на антикризните мерки, сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари или речиси 70 евра месечно.
Во своето соопштение и прес конференција СДСМ не прецизира дали се работи за заштеда на семејства, сопственици на моторни возила, сопственици на броила со што нивното тврдење се однесува на сите граѓани на Македонија.
Ако оваа наводна бројка на заштеди се аплицира на сите околу еден милион и 800 илјади граѓани тоа би значело дека СДСМ се фали дека на сите граѓани им заштедила вкупно околу 120 милиони евра.
,,Со намалување на ДДВ за основните производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек 1.500 денари месечно.
Најголема заштеда има во однос на сметките за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните во просек би биле повисоки за 2.150 денари на месечно ниво.
Граѓаните секој месец заштедуваат околу 300 денари преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за горивата.
Минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години.
Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати, денес две минимални плати се доволни да се покрие кошничката која за март изнесува 36.768 денари.
Потрошувачката кошничка за месец март е зголемена за околу 1.000 денари, но разликата се покрива со дополнителните 1.000 денари помош за следните три месеци кои ја добиваат 330.000 пензионери и околу 35.000 семејства со ниски примања.
Платите растат во сите сектори. Во изминатите четири години, платите во образованието пораснаа за 20%, во здравството, лекарите добиваат од 23 до 40% повисоки плати, вработените во градинките сега добиваат плати повисоки за 21% отколку пред четири години, пораснаа платите и во одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.
Согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата, следува и усогласување на сите плати.
СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство продолжува да дава силна финансиска поддршка и помош на граѓаните во услови на најголемата економска и енергетска криза со која се соочува светот”, се вели во соопштението на кое му предходеше прес конференција на пратеничката Фаница Николовска .






