Во честитката до образовниот кадар СДСМ посакува честит Светски ден на учителот, драги наши наставници кои се стожер на нашето според партијата квалитетно образование!
,,За наставниот кадар СДСМ обезбеди поголеми плати за 55% и подобри услови за работа.
Платата на наставниот кадар за повеќе од 6 години владеење на СДСМ ја покачивме за 55 %. Наставниците мора да бидат соодветно вреднувани за својата одговорна работа, па затоа СДСМ се залага и ќе се залага да се воспостави правилен систем за вреднување.
Продолжуваме со социјален дијалог со репрезентативниот синдикат за образование и наука за Нов колективен договор во кој се воведува регрес за годишен одмор кој наскоро ќе биде потпишан од двете страни.
Во секој нов Буџет се зголемуваат средствата за Буџет за образование, блок- дотации и капитални инвестиции.
СДСМ и понатаму ќе се грижи и залага за наставниците, нивните потреби и ќе работи на адресирање на нивните проблеми и предизвици за што истакнуваме дека е потребна заемна и искрена соработка од сите засегнати страни”, се вели во честитката на СДСМ.






