СДСМ тврди дека институциите се силно посветени во битката со корупцијата

Полицијата во изминатите неколку години со своето професионално, ефикасно и неселективно постапување во борбата против криминалот и корупцијата стана вистински заштитник на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста, тврди СДСМ во своето денешно соопштение.



“Таквиот однос на полицијата во изминатиот период е резултат на политиките на СДСМ и секако, одговорното, посветено управување од страна на Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски.

Во континуитет се инвестира во човечкиот капитал во полицијата, преку растот на платите, но и исплата на бонуси за остварени прекувремени часови работа.

Во изминатите години постојано се вложува и во полициската инфраструктура. Реконструирани се 55 објекти на МВР низ целата држава. Изградени се и два капитални проекти – ИКТ центарот во Прилеп, зграда за крим техника, а наскоро ќе се изгради и нов Центар за странци.

Се набавуваат нови возила, опрема и униформи за припадниците на полицијата со цел долгорочно унапредување на условите на работата на вработените во МВР и мотивирање на полицијата за ефикасно и неселективно постапување по секое прекршување на законите.

За успехот што го постигнува полицијата изминатите неколку години говорат и официјалните податоци”, се вели во соопштението на СДСМ кое може да го прочитате на овој линк во целост.

Своите тврдења СДСМ меѓу другото ги дава и врз основа на споредба на запленатета дрога лани и годинава.

СДСМ е на власт од мај 2017 година.