СДСМ тврди дека е одговорна партија која покажува грижа за сите граѓани

СДСМ како одговорна партија континуирано покажува вистинска грижа за сите граѓани, тврди во соопштение и прес конференција владеачката партија.



Продолжуваме и понатаму посветено да креираме и реализираме мерки и политики, кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за унапредување на животниот стандард на сите граѓани, се вели во објавата на СДСМ.

СДСМ објавува дека речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари до пензионирање или до вработување.

“СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, уште 1.100 лица стекнаа право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник во претходната година.

Со ова исполнуваме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда нанесена кон нашите сограѓани кои не по своја вина останале без работа”, стои во соопштението.

Владата предводена од СДСМ смета дека е неопходно да се инвестира во нашите сограѓани кои својот век го дале за татковината, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правела ВМРО-ДПМНЕ.

“Разликата е јасна: СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од нив”, пишува во партиското соопштение.

Продолжуваме и понатаму да креираме и реализираме мерки и политики кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Прес-конференција на СДСМ, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ