Кој во СДСМ предложил во акцијата ,,Рамо до рамо”, да се оди со скапи црвени елечиња кои го провоцираат сиромашниот народ не е тешко да се претпостави ако се знае стилот на облекување на членовите на раководството на партијата на Ковачевски.
Во отсуство на успешни политики и конкретни идеи од корист на граѓаните СДСМ започна со кампања во која главна алатка се црвените елечиња за кои никој не знае ниту што значат ниту за колку пари се набавени.
Ако се суди според личниот стил на главните ликови во кампањата црвените елечиња се предлог на потпретседателот Стефан Богоев и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ кои се познати како луѓе кои од предходно носеле елечиња во приватниот живот.


Каква е симболиката на црвените елечињат освен да се потрошат многу пари додека огромен број на граѓани не можат да го преживеат месецот досега никој од СДСМ јавно не објаснил како што никој не ја кажува и цената на елечињата.
Најчитани вести
Знаат ли што прават Ковачевски, Ахмети и Таравари
Уставен експерт: Каква позитивна меморија имаат оставено бугарите за да влезат во преамбулата





