СДСМ трет ден се фали со победите во Центар Жупа и Маврово Ростуше

„Изборите завршија со двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што се бираа градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше, и со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово“, џе вели во партиското соопштение на СДСМ.



Од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа премиерот кого победил Ибраим, кога имало само еден кандидат.

Ковачевски прогласи победа на единствениот кандидат за Центар Жупа

Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ, сите деструктивни и погрешни политики на Мицкоски.

Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт, кој ја води државата напред“се вели во соопштението.