СДСМ соопштение: Еден наслов грешки рој

Во само еден наслов на свое соопштение владеачката СДСМ успеала да направи јазични грешки колку што сите други партии во Македонија прават во цела година.



Во само десетина зборови од насловот на соопштението има три катастрофални грешки кои може да ги забележи и првооделенец.

Соопштението со насловот и грешките се објавени на 25 март и се уште на никој во прес службата на СДСМ не му текнало да ги исправи.

Или никој во партијата не ги прочитал или никој не разбрал дека се грешки.

И не им е прв пат.

Пред речиси една година беше објавено исто така катастрофално соопштение во јазична смисла.

Јазичен хаос на Бихаќка: Партиско соопштение грешки рој