Во оставка е целото раководство на СДСМ, по најавената оставка на лидерот на СДСМ Зорен Заев, информираше денеска партијата



„…со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ. Имајќи го предвид интересот на граѓаните и актуелната политичка состојба во земјата, информираме дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ“

На денешниот состанок на раководство на СДСМ претседателот Зоран Заев информираше за консултациите и разговорите со коалициските партнери“ според кој парламентарното мнозинство е – стабилно.

„Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија поддршка на влада од оваа парламентарно мнозинство. На С. Македонија и е потребна Влада која  испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување. Заедно со претседателот Зоран Заев, раководството работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата“, соопшти СДСМ.