На синоќешниот Извршен одбор на СДСМ утрврдени билке уште пет имиња на кандидати за градоначалници на претстојните локални избори што ќе се одржат на 17 октомври.
Тоа се Ѕвонко Пекевски за Берово, Борис Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Тони Делков за Неготино, како и на Даниел Крстевски за општина Ранковце.
„Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце“, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев преку својот ферјсбук профил.
До крајт на август ќе бидат познати сите имиња на кандидати од редовите на СДСМ за градоначалници.







