Во своето најново соопштение за јавност во врска со скандалот Бехтел и Енка СДСМ напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ се крие зад САД и Американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер.
Иако амбасадорката Агелер не е спомената со име таа со соопштението индиректно се инкриминира во корупцискиот скандал со договорот меѓу владата и фирмата Бехтел и Енка.
СДСМ во соопштението тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува САД (и соодветно на тоа официјалната претставничка амбасадорката Агелер) и фирмата Бехтел и Енка иако опозицијата не ги обвинува Америка и фирмата туку обвинува за корупцискиот договор кој го потпишала владата на Ковачевски и Груби.
Паралелно американската амбасада во Скопје три дена молчи по повикот од премиерот Ковачевски да каже дали имало корупција во случајот во кој парите за ,,корупциски трошоци” се проценуваат на околу половина милијарда евра.
Целото чудно соопштение на СДСМ во кое свесно во сопствената одбрана партијата го споменува и инкриминира Вашингтон и амбасадорката во аферата која ја потпишале Груби и Ковачевски:
,,По низата кинески инвестиции договорени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, прв пат имаме американски проектант и изведувач и веднаш режимското ВМРО-ДПМНЕ, во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција.
ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, против секој напредок во државата.
Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10Д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.
Со СДСМ државата се развива, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал”, стои во соопштението на СДСМ.
Само за една година од владеењето на СДСМ и ДУИ (2022-2023) поддршката од македонските граѓани за САД според анкетата на ИРИ е намалена за 40 насто од 16 на 10 проценти.
Фото: Влада на РМ






