Од собраниста процедура се повлекуваат предлог измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи што ќе овозможат за амбасадори да се именуваат лица со двојно државјанство, што по скратена постапка влегоа во Собранието.



Со постоечкото решение, кое предвидува дека лицето именувано за амбасадор треба да е државјанин само на Република Македонија, се ограничувало уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, сметаат предлагачите на  измените.

Но, по бројните забелешки и најавата за амандманска блокада од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ за Канал 5 велат целта била да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ државјанство.

„Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден ам андман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите политички случувања во неговата партија, само глумат наводен патриотизам. Очигледна е блокадата и деструкција на се што работи Собранието наместо јавно да ги искажат забелешките во конструктивен правец. Затоа ќе го повлечеме предлог“, велат од СДСМ.