СДСМ се пофали со успеси во екологијата

Во своето денешно соопштение владеачката партија тврди дека Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на обезбедување чиста и здрава животна средина и чист воздух.



“Изминатите четири години се забележува значително намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух како во Скопје, така и во останатите поголеми градови низ државата.

Тоа е резултат на успешните политики на Владата предводена од СДСМ, на постојаната замена на старото нееколошко загревање на индивидуалните објекти и објектите на јавните установи, како и на зголемените контроли и санкции кон загадувачите, но и во инвестициите во обновливи извори на енергија.

Нашите политики, заложби и реформи за подобро јавно здравје нема да застанат тука. Напротив, преку Интервентниот план за инвестиции, во следните години ќе се интензивираат вложувањата во таканаречената зелена енергија, енергија добиена од еколошки, обновливи извори”, се вели меѓу другото во соопштението на СДСМ.
Во објавата нема ниту збор за скандалот со увоз на илјадници тони токсичен мазут увезен откако СДСМ дојде на власт.

Според меѓународни анализи стотици луѓе годишно умираат како последица на загаден воздух и други еколошки аномалии но овие податоци ги нема во соопштението на СДСМ.