СДСМ се пофали дека префрлила 107,5 милиони евра државни пари на граѓани

СДСМ во партиско соопштение се пофали дека партијата префрлила 107,5 милиони евра државни пари на граѓани.



,,За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.

Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните”, стои во партиското соопштение во кое не се спомнува дека парите ги платила владата на СДСМ туку дека се префрлени од страна на партијата што е спротивно на законот.