Субвенционираниот оброк е последната од бројните стимулативни мерки кои СДММ и СДСМ ги имплементираат за унапредување на студентскиот стандард и за младинските политики во целост, пренесоа медиуми.
По поднесена иницијатива на Социјалдемократската младина на Македонија, Собранието ги прифати измените и дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк.
На овој начин, 40.000 студенти на почетокот на секој месец на ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци на својата сметка.






