Премиерот Ковачевски по дебаклот на владината иницијатива за уставни измени во петокот по седницата на парламентот на прес конференција рече дека тој и владеачката коалиција ќе направат сѐ за да дојде до промена на уставот.
Тој не кажа што е тоа сѐ но со оглед на ситуацијата на политички распад на владата која веќе не може ниту да се заканува ниту да прогонува зборот ,,Сѐ” за кое зборееше Ковачевски всушност значи ,,ништо” ако се зборува за моќта на СДСМ и ДУИ.
Единствената надеж на СДСМ сега е странски дипломатски булдожер кој деновиве треба да пристигне во Скопје за да го убеди ВМРО-ДПМНЕ да го смени ставот за уставните измени.
Извори во СДСМ предупредуваат дека ВМРО – ДПМНЕ не треба да прави сметка пред завршување на забавата и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски допрва ќе се судри со еден од најмоќните дипломати кои последниве децении пристигнувале во Скопје по разни поводи.
Од СДСМ не го откриваат името на дипломатот барајќи ВМРО-ДПМНЕ да каже со кого Мицкоски ќе се среќава следниве денови. На Бихаќка се уверени дека Мицкоски нема да може да ја ,,преживее” средбата со ,,булдожерот” и не исклучуваат, односно се надеваат, дека ако ВМРО-ДПМНЕ не се премисли за уставните измени во партијата може да дојде до сериозни промени кои ќе влијаат на целокупната политичка ситуација во Македонија.
Меѓу редови СДСМ признава дека сами не можат да сменат ништо и дека се надеваат на странска помош во разубедување на ВМРО-ДПМНЕ за уставот при што не се негира дека за нив е добредојдено повлекување на Мицкоски.
На прашањето дали во таква ситуација СДСМ ќе распише избори веднаш изворите на Бихачка велат дека политиката е прагматизам и дека ако се случи промена во врвот на опозицијата тие ќе се обидат да ја искористат ситуацијата.
Изворите тврдат дека не се работи за партиски интерес или за политичко преживување на Ковачевски туку за стратешки чекор од интерес за Македонија.
Засега во јавноста нема најава за пристигнување на некоја важна дипломатска фигура во Македонија.
Најнови вести
Огромен број реакции од граѓаните што укажуваат на тешка позиција на премиерот
Ковачевски подобро да не ги чита коментарите од граѓани за интервјуто на Сител





