СДСМ “пукаше” кон Мицкоски, го “погоди” Спасовски

Во соопштение за јавноста со кое традиционално се обиде да го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за поддршка на криминал владеачката СДСМ откри несоодветно и незаконско постапување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



Во своето денешно утринско соопштение СДСМ зборува за аферата од пред најмалку 5 години со издавање на патни исправи од МВР на две лица меѓу кои и поранешниот висок функционер на УБК Горан Груевски кој имал лажен пасош на име Владимир Варелов со кој избега во Грција.

“Во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за сериозни кривични дела.

Денес, партијата предводена од Мицкоски откако не успеа да ја саботира акцијата, се обидува да ја префрли одговорноста на институциите кои ја спроведуваат акцијата и постапуваат согласно законите”, се вели во соопштението на СДСМ кое во целост може да го прочитате на овој линк.

Со ова соопштение СДСМ индиректно но јасно го прозива министерот Оливер Спасовски кој што 5 години на чело на МВР не ја расчистил оваа афера со лажни пасоши.

Според информациите од МВР и Јавното обвинителство, досега Спасовски и тимот на СДСМ во МВР досега воопшто не поднесол кривична пријава за овој случај кој ја скандализираше јавноста.

Спасовски имал цели 4 години од откривањето на аферата за да расчисти со ваквата практика во МВР но чекал најмалку две години иако целата јавност знаеше за скандалот со Варелов.

Дали Спасовски не сторил ништо за овој скандал поради политички договор со шефот на Грујовски, дали како подготовка за издавањето на 215 пасоши за криминалци или поради некоја друга причина е прашање на кое треба одговор да даде Министерот за полиција.

Индиректниот напад на СДСМ врз Спасовски е уште посериозен ако се знае дека освен непостапувањето против лицата кои го издале лажниот пасош на “Варелов” Спасовски не презел ништо и против тие што сега се централни актери во издавањето македонските пасоши за 215 меѓународни криминалци.

Во продолжение целото соопштение на СДСМ:

Расте нервозата кај Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ откако не успеаја преку пласирање на чувствителни информации да саботираат сложена полициска акција против група која незаконски издавала патни исправи.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да биде вмешана во скандали со патни исправи.

Зад нив е скандалот со гласачите од Пустец на локалните избори во Општина Центар во 2013 година, кои преку документи издадени од МВР беа впишувани повеќе од 100 лица на една иста адреса, во обид да се фалсификува волјата на граѓаните.

Во 2017, двајца истакнати кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на високи позиции во УБК за време на режимот, со македонски пасоши со лажни идентитети преминаа во соседна Грција, за да избегнат кривичен прогон за сериозни кривични дела.

Денес, партијата предводена од Мицкоски откако не успеа да ја саботира акцијата, се обидува да ја префрли одговорноста на институциите кои ја спроведуваат акцијата и постапуваат согласно законите.

Како што објави и самото МВР, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации.

Сето ова Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го загрозат и со тоа потврдија дека остануваат на браникот на криминалот.

Ваквото нивно однесување повлекува и истрага за утврдување на одговорност.

Без разлика колку и тоа е да е неприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, институциите, продолжуваат со бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на секое ниво.

Секој кој сторил кривично дело ќе одговара и ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да го заштитат.