По најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе резолуција за македонските позиции во преговорите со Бугарија, од владејачката СДСМ со став дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се потврдени и признаени и нема потреба од каква било расправа за тие прашања во македонското Собрание.
„Очигледно е дека тој ќе измисли сè само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата“, реагираат од владејачката партија.
Мицкоски претходно на прес-конференција рече дека ќе поднесат резолуција до Собранието, која, како што рече, би имала обврзувачко дејство согласно волјата на пратениците, а за Владата би значело оцртување во кои рамки смее таа да разговара, но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси.







