Коалицијата на СДСМ има 36,94 отсто од гласовите по преброени гласови од 2.477 избирачки места од вкупно 3.480, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од денешните предвремени парламентарни избори. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 35,98 отсто од гласовите, пренесе СДК..
ДУИ има 10,18 отсто од гласовите
Алијанса за Албанците има 7,93 отсто.
Левица има 4,14 отсто.
И од ДИК соопштија дека од преброени гласови од 2.491 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 72 отсто од избирачките ливчиња Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,9 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,9.




