СДСМ призна дека партијата лажела кога тврдела дека Македонија почнува преговори со ЕУ (ФОТО)

Прес службата на СДСМ која е иста од времето кога лидер на партијата беше Зоран Заев денеска индиректно призна дека лажела кога предходно тврдеше дека Македонија почнала преговори за членство во ЕУ.



Во денешното свое соопштение СДСМ тврди дека сега по 17 години Македонија почнува преговори со ЕУ. Во соопштението не се споменуваат преходните тврдења според кои преговорите почнале во март 2020 година како што тогаш тврдеа истите луѓе кои и сега се дел од пропагандата на СДСМ.

,,После 17 години чекање, денеска нашата татковина започнува пристапни преговори со ЕУ! Ова е историски ден и нов голем успех за сите наши греѓани.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Брисел која во Советот на ЕУ ќе уечствува на првата меѓувладина конференција.

Советот на Европската Унија синоќа даде зелено светло С.Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ а официјално преговорите за полноправно членство започнуваат токму со денешната меѓувладина конференција.

Она што за македонскиот народ е особено важно, почнуваме преговори со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик, идентитет, историја, култура и посебност.
Честитки до сите граѓани! Македонската иднина е европска!

Во тешки времиња за нашиот народ, за Балканот и за целиот свет од ЕУ добивме радосна и долгоочекувана вест – донесена е одлука Македонија почнува преговори за членство во ЕУ”, пишува во соопштението на СДСМ без да се прецизира кои се следните чекори.

Во соопштението нема извинување за лагата која со денешниот став ја признава партијата а која ја кажа Заев пред речиси 30 месеци, дека тогаш Македонија почнала преговори.

,,Историската грешка е исправена, нема никакви пречки ниту услови. ЕК треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може”,, изјави во Март 2020 тогашниот претседател на СДСМ Зоран Заев на прес конференција во седиштето на партијата.