СДСМ: Повик на бојкот е повик за кршење на законите

Владејачката СДСМ денеска предупреди дека повикот за бојкот на пописот е повик за прекршување на законите.



„Се противат на законот за попис на населението, кој овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат. Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите, се вели во соопштението од СДСМ.
Додаваат дека пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот.