СДСМ по третата објавена снимка: Тоа се шемите на Никола Груевски

За СДСМ поттикнувачи, организатори и осмислувачи на случајот „Рекет“ се луѓе поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, стои во денешното соопштение на владејачката партија по објавувањето на третата снимка во италијанскиот „Ла Верита“



„Снимката е причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај“, се вели во соопштение на СДСМ.

„Тајкуните што ги создаде режимот, помогнати од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат евро-интеграцијата на земјата, да не се донесе закон за ЈО, да се претстават како жртви и да се спасат. Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

Тоа се шемите на Никола Груевски. Секој што се надевал дека со објава на видео материјали ќе се компромитираат доказите за да не бидат предмет во судска постапака и ќе се спаси од вина се излажал“, се вели во соопштението од СДСМ.