Десетина години откако тоа почна да го прави ВМРО-ДПМНЕ и владеачката СДСМ почнува да бира партиски функционери на јавен конкурс.
Според најавата од Бихаќка тие што ќе конкурираат за претседатели или членови на партиските комисии не мора да бидат членови на партијата но мора да се идеолошки блиски на партијата која го објави конкурсот.
Конкурсот го објави шефицата на управата за јавни приходи и заменичка на Заев во партијата Сања Лукаревска.
“СДСМ останува предводник на промените, партија која победува, но и во континуитет се менува.
Промените во СДСМ продолжуваат и во работните тела на партијата.
Во тек е отворен повик за пријавување на кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојаните работни тела, односно Комисиите на СДСМ.
Ги охрабрувам граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори.
СДСМ е отворена за сите без разлика дали се членови на СДСМ или не. Сите граѓани кои имаат желба а се стручни, докажани и посветни во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да дадат свој придонес во креирање и развојот на политиките на СДСМ.
Овие работни тела на партијата се особено важни за подготовка на изборните програми, за процесот на креирање мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани и се во интерес на државата.
Повикот трае до 11 јуни а за сите детали, заинтересираните лица можат да се информираат на официјалната веб страна на СДСМ.
Еден од клучните вредности и еден од столбовите на новата политика е отвореноста.
Ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја”, изјави на прес конференција шефицата на УЈП и заменик претседателка на СДСМ.






