Затворската управа во Идризово дозволила партиско-политички собир во просторија на казнената установа.
На видеото снимено од затвореник се гледа и слуша како затвореници пред знамиња на СДСМ и ЕУ им се заблагодаруваат на Зоран Заев, Шекеринска, братот Вице Заев и најавуваат дека ќе гласаат за нивната партија.
Кој од управата на затворот дозволил ваков партиски собир и обезбедил иконографија ќе се утврдува дополнително.
Како со ВИЦЕТО братми, цело КПД Идризово стана @SDSMakedonija ? pic.twitter.com/WyZ3AlD5Es
— 🅰️псаана (@aps_aana) June 19, 2020





