Скопскиот граѓански суд донесол пресуда со која се утврдува дека партијата СДСМ лажно го клеветела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Судот утврдил дека тврдењето на СДСМ за него како продолжена рака на Груевски е клевета и ја осудува партијата на симболично едно евро колку што барал Мицкоски.
СДСМ дополнително ќе мора да плати за објава на пресудата со која се утврдува дека партијата лажела и клеветела со намера да го оцрни лидерот на опозицијата.
Со пресудата се утврдува меѓу другото дека изјавата на СДСМ според која ,,Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на својот шеф и ментор Груевски” е клевета.


СДСМ на својата страница речиси секојдневно објавува навредливи текстови за Мицкоски.






