По „приказната“ дека странци но и домашни „градежници“ ја финансирале кампањата на вмро-дпмне, „Фактор“ го поставува прашањето кои се тие газди на градежни компании кои и давале пари на опозицијата, зошто тоа го правеле, и кои се нивните финансиски и политички идни интереси заради кои се решиле токму на овие локални избори да ја финансираат опозицијата,
Она што се знае е дека за време на мандатот на градоначалниците на СДСМ имаше мораториум за градење на териториите на две скопски општини, па се поставува прашањето дали тие градежни компании што биле засегнати, имале мотиви да ја финансираат опозицијата, пишува „Фактор“.
„На овие избори на терен видливи беа многу пари на терен, кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите“, рече вчера премиерот Заев.
Фактор утрово се обиде да стапи во контакт со службите за информирање во СДСМ, да дадат попрецизно објаснување на кои и какви пари мислел конкретно нивниот прв човек, кои не успеавме да ги добиеме.
„Крајно сме изненадени од ваквото обвинување на градежната фела, и ова не е прв пат градежниот бизнис да биде злоупотребуван за политички цели. Ние немаме ниту официјални, ниту неофицијални информации од каде дојде до овие обвинувања. Во наредните денови ќе имаме разговори, за да добиеме сознанија од каде се овие информации на премиерот“, велат за Фактор од Здружението за градежништво…






