СДСМ: Ние државнички а ВМРО-ДПМНЕ во темни подруми

Во СДСМ сметаат дека секојдневно се потврдува разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.



“Додека СДСМ секојдневно е на терен меѓу граѓаните, на маалски и урбани средби, на граѓански трибини, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана, во темните подруми на лажните вести и деструкциите.

СДСМ заедно со граѓаните ја гради новата програма, ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.

Го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби и барања и истите ги претвораме во конкретни решенија од програмата за следните избори”, стои во соопштението на СДСМ од каде тврдат дека партијата во континуитет покажува дека за нив “зборот е збор”.

Цело соопштение