СДСМ досега не поднесла кривична пријава за кривичното дело злосторничко здружување за кое јавно ја обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го тврдат извори во обвинителството за организиран криминал и во основното јавно обвинителство во Скопје од каде велат дека досега од СДСМ не се добиени никакви кривични пријави, индиции или информации за можно кривично дело ,,злосторничко здружување” сторено од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Со оглед на тоа што јавните обвинувања на СДСМ доаѓаат на прес конференции од владеачката партија за која обвинителство смета дека штом јавно говори за кривичното дело има и соодветни докази за своето тврдење, се очекува партијата на власт веднаш сите информации да ги достави до истражните органи.
Случајот е уште покомплициран затоа што во врвот на СДСМ има луѓе како премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Тупанчевски кои имаат пристап до информации од специфичен безбедносен карактер.
Изворите во обвинителството велат дека разбираат дека партиите меѓусебе водат пропагандна војна злоупотребувајќи ги правосудните и владини институции но сериозноста на делото бара сите што јавно обвинуваат за дело за кое следува долгогодишна казна затвор своите тврдења да ги процесираат во правосудните институции.
Криењето на докази за извршено кривично дело, непријавување на сторители на кривично дело или уништување на докази за кривично дело од страна на било кој граѓанин или политичка партија како во случајов СДСМ може да има сериозни правни последици, предупредуваат од обвинителството од каде ги повикуваат одговорните лица да го пријават наводното ,,злосторничко здружување” за кое СДСМ јавно говори во повеќе наврати.
Откако стана мандатар премиерот Ковачевски најави средба со лидерот на партијата која СДСМ ја нарекува злосторничко здружување.
Знаат ли во СДСМ дека нивниот шеф најави покана за средба со лидер на ,,злосторничко здружување”?






